(Фото) Шилегов го спасува Скопје

By

Градоначалникот Петре Шилегов продолжи со акцијата да го спасува Скопје од загадениот воздух. Откако на социјалните мрежи се пофали дека на работа почнал да патува со тротинет, сега Шилегов се качи на точак и беше дел од велосипедско дефиле.

Тој се приклучи на манифестацијата „Денови на екологија: Онлајн со природата“. Заедно учениците од општина Бутел и голем број скопјани, градоначалникот учествуваше во велосипедското дефиле под мотото „Вози велосипед за почист свет“.

„Возењето велосипед освен што е здрава навика, ќе ни помогне многу и во намалувањето на сообраќајниот метеж кој станува реален проблем во градот“, рече Шилегов .

(Фото) Откако Петре купи тротинет, мисли дека сите го мразат

 

Ќе ви се допадне