Две недели по скандалот, Боки 13 ги облече шеврцуваните чевли. На фотографијата која тој ја сподели на социјалните мрежи, се гледа дека , веројатно шверцуваните чевли пак завршиле на неговите стапала.
За потсетувње, Царината на скопскиот аеродром неодамна го фатила Бојан Јовановски како се обидува да внесе луксузни чевли, ремени и очила за сонце во земјата, а да не плати царина. Беше објавено дека во багажот на Боки 13 македонските цариници нашле 19 парчиња луксузни чевли од познати светски брендови. Бидејќи се обидел да ги прошверцува без да плати царина за нив, се сомничи дека сторил кривично дело. Од тие причини цариниците му изрекле глоба во висина од 15.000 евра.