(Фото) Синот на актерката Тања Кочовска во Сектор 909 ја побара девојка си за жена

Актерката Тања Кочовска се пофали дека нејзинот Александар ќе се жени со неговата долгогодишна девојка Моника Саздовска. Тој ја побарал за жена во ноќниот клуб Сектор 909.

„Тука ја запознав, тука ја запросив“, напиша Александар за фотографијата која ја сподели и актерката.

Дека Александар ја запросил Моника во Сектор откри и сопственикот на ноќниот клуб Огнен Узуновски Оги.

„Повеќе од симпатично, ми се јавува Ендру пред некој ден, ми вика Оги ако може да одам до Сектор 909 преку ден, сакам да ја побарам за жена девојка ми. Во Сектор ја запознав и во Сектор би ја побарал. Нека им е со среќа на младите“, напиша Оги на Фејсбук.

Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски – Љац. Таа во интервју за „Репортер“ раскажа за односот на синот со ќерката Нела, која ја има од вториот брак со актерот Предраг Павловски.

 

„Многу се блиски. Тие не се гледаат секој ден, Александар живее сами со девојката, а Нела живее со нас. Меѓутоа не давам да се оддалечат. Ќе направам сè да се борат еден за друг, да се сакаат и почитуваат. Најпрво меѓусебно и нас да нè почитуваат, а потоа сè околу. Никогаш нема да дозволам да се скараат, особено не за имот“, вели Тања.

Кочовска кажа и дека обајцата одамна не ја викаат мамо, туку само Тања што особено ѝ годи.

Тања Кочовска: Чистев скали за да преживеам како самохрана мајка

 

 

Scroll to Top