Тања Кочовска: Чистев скали за да преживеам како самохрана мајка

Кога летоска на социјалните мрежи актерката Тања Кочовска објави дека мајка ѝ се изгубила во Градскиот парк, многумина тогаш дознавме дека Невенка Кочовска, познатата музичка дива од „Мањифико“, има Алцхајмерова болест. Тања вели: „Тоа е болест на целото семејство оти сите минуваме еден тежок период. Единствено што не заборавила – не само убаво да пее, туку и  школски точно да нè поправа кога грешиме. И јас тогаш ќе ѝ речем: ‘Ама ти имаш или немаш Алцхајмер’“, вели Тања Кочовска.

Ова е само дел од интервјуто за „Репортер“ во кое таа зборува за сè. За љубовта со Предраг, која почнала во Театарот за деца и младинци, до ноќта, кога во пет часот во кафеана, ја побарал за жена: „Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш“, искрена е Тања.

„Ама, ете, се зедовме. Постојано ми го крева притисокот зошто тој е многу помирен од мене, јас сум поексплозивна и жива. Порано сме си се сакале, сме си воделе љубов, сега си мериме притисоци, ич око не нѝ трепнува“, се шегува актерката и додава “башка ме нервира што не знае да пее“, низ насмевка раскажува Тања.

Низ разговорот дознавме многу: Од тоа кога во екот на најголемата популарност на „Макфест“, кога сите мислеле дека сè ѝ е идеално, а таа била скарана со домашните, па живеела под кирија и чистела за да заработи, до денес кога е мајка на Александар и Нела, за кои вели: „Никогаш нема да дозволам да се скараат“.

 

Кочовска зборува и за поранешниот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац.

„Јас со Љац бев најдобра другарка на Академија. Бевме неразделни 4 години, јас, Љац и Кили. Ние случајно го направивме Александар, останав бремена и сакав дете и реков дека ќе го родам.“, вели таа.

За односот на децата, за болеста на нејзината мајка, како е толку еластична за да може да направи салто во вода и многу други работи, дали „Твојте очи мој сине“ е за бившиот маж, гледајте го интервјуто

Александра Георгиев

Scroll to Top