(Фото) Синот на Тања и Новица славеше роденден : Забава во новата куќа

Синот на фолк-пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски, Стефан, наполни 13 години. Пејачката на „Фејсбук“ објави неколку слики од прославата со семејството и се пофали дека му направила торта со јагоди за роденденот. „Среќен 13 роденден Стефан“ напиша таа.

Ова е трет роденден во семејството на Тања што се слави во време на пандемија. Заради короната, 16. роденден на постариот син Петар го прославија во карантин. И Татјана нејзиниот роденден го славеше заедно со забава за вселување во новата куќа, ама на гости и тогаш имаа само неколку блиски пријатели.

За потсетување, Тања и Новица со синовите пред неколку години се преселија во Австралија, а неодамна купија куќа во Мелбурн. Во неодамнешно интервју за „Репортер“ пејачката раскажа дека брзо се навикнале на животот во Австралија, а дека таа таму работи како воспитувач во градинка.

Scroll to Top