(Фото) Синот на Татјана и Новица наполни 16 години

Петар, синот на фолк-пејачките Татјана Лазаревска и Новица Василевски, наполни 16 години. Пејачката на „Фејсбук“ објави неколку слики од роденденот на Петар и откри дека го прославиле дома, во изолација. „Среќни 16“, напиша таа и доби честитки од пријателите.

Тања и Новица со синовите пред неколку години се преселија во Австралија, а неодамна купија куќа во Мелбурн. Во неодамнешно интервју за „Репортер“ пејачката раскажа дека брзо се навикнале на животот во Австралија, а дека таа таму работи како воспитувач во градинка.

Татјана Лазаревска: Работам во детска градинка, а комшиски дружби терам со Тошо Малерот и Маријана на Росана

Scroll to Top