(Фото) Синот на Тони Зен наполни една година

Јасен, синот на хип-хоп артистот Тони Зен, наполни една година. Зен објави две фотографии од првиот роденден на синот, со порака „Малиот Буда“. Тој откри и дека Јасен е роден на 11 март. Познатиот музичар ретко споделува приватни слики во јавноста, а не сака да зборува ни за приватниот живот. Тој веста за раѓањето на синот долго време ја држеше во тајност, а тогаш кога откри дека станал татко, призна и дека се оженил со неговата девојка Валентина.

Инаку, Тони пред неполна година по подолга пауза се врати на музиката со нов албум. Тој во мај го промовираше неговиот шести албум „Од изворот до изборот“, кој има осум песни.

(Фото: Инстаграм)

Scroll to Top