(Фото) Сјајот на Diamond Dance Competition блесна во Скопје

На голема радост на љубителите на танцот, изминатиот викенд (5 и 6 април) беше во знакот на интернационалниот танцов натпревар Diamond Dance Competition кој се одржа по втор пат во Хотелот Мериот во Скопје.

Diamond по втор пат го собра најдоброто од танцувачката сцена на едно место. Натпреварот се одржа во атмосфера исполнета со енергија, емоција и уметност, каде што учесниците од Македонија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Унгарија, Албанија и Босна и Херцеговина имаа можност да го покажат својот талент, труд и љубовта кон танцот.

Diamond Dance Competition беше повеќе од натпревар, се разменуваа искуства, се стекнуваа нови пријателства, се инспирираше, мотивираше и дружеше.

Стручната жири комисија, составена од интернационално признати професионалци од танцувачката индустрија, имаше предизвик да ги оцени изведбите според техничката прецизност, креативноста и сценската изведба.

Во убавиот амбиент се играше класичен балет, модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц…

Особено емотивни моменти беа настапите на инклузивните групи, кои со својата искреност, храброст и љубов кон танцот ја освоија публиката и предизвикаа силни аплаузи и солзи. Нивните изведби беа потсетник дека уметноста е универзален јазик кој ги надминува сите бариери.

Второто издание на Diamond Dance Competition уште еднаш покажа дека танцот нема граници и дека страста, дисциплината и уметноста создаваат заедница која инспирира и обединува.

Танцовото студио Dancers United кое беше организатор на овој танцов натпревар веќе овој викнед (12 и 13 април) со својата 30 члена делегација во која учествуваат и лица со попречености ќе учествува на Светското првенство во латино танци во Варшава, Полска.

Scroll to Top