(Фото) Скромна прослава за роденденот на Дарко Панчев

Легендарниот фудбалер Дарко Панчев вчера наполни 55 години. Роденденот го прослави дома, во друштво само на сопругата, пејачката Маја Гроздановска Панчева, и ќерките Надица и Марија. Тие му подготвија торта за да го изненадат, а Маја на „Фејсбук“ објави слика и јавно му го честита роденденот.

„Оваа година сите ние си ги прославивме родендените сами во корона услови, со надеж дека догодина ќе биде подобро. Да си ни жив и здрав тато уште многу години“, напиша пејачката.

Панчев, кој се прослави во 1980те, и денес се смета за еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња. Кариерата ја почна во „Вардар“, а со „Црвена ѕвезда“ ја освои титулата европски шампион и светски клубски шампион во 1991 година. Тој во кариерата ја освои и Златната копачка на Европа. Настапуваше за југословенската репрезентација и на 27 натпревари даде 17 гола. По остамостојувањето, ја предводеше и македонската фудбалска репрезентација и даде 1 гол на 6 натпревари.

Scroll to Top