(Фото) Со трубачи и музика на увце, Перо Антиќ славеше роденден

Поранешниот кошаркар, а сега претседател на Kошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, вчера го прослави 38. роденден.

Тој имаше забава со повеќе  гости. Меѓу поканетите биле и пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар. Трубачот Џамбо со Агушеви, кои на славеникот му свиреа на увце.

За роденденот на Антиќ имало и торта со бројот 12 , број кој тој го носеше на дресот кога играше за Црвена ѕвезда.

Scroll to Top