(Фото) Сопругот на Индира Кастратовиќ во авион со „антички Македонци“

Ракометниот тренер Зоран Кастратовиќ, сопруг на ракометарката Индира Кастратовиќ, леташе од Истанбул до Скопје. Леташе во економската класа, а во авионот, се погоди да е во друштво со еден куп пензионери, иселеници.

Интересно беше да се види како македонските патници на летот кон Скопје, беа со полна опрема, од македонски знамиња, маици со сонцето на Вергина, капи со македонското знаме и беа вистинска атракција.

Сопатниците во авионот, пак, на шега коментираа: еве ги античките Македонци летаат накај дома.

Кастратовиќ во моментов е тренер на шампионот на Саудиска Арабија, Ал Мудар. Претходно беше на босанскиот тим Слобода Тузла. Тој е во брак со бившата ракометарка Индира Кастратовиќ и ја имаат ќерката Сара која со години живее во САД.

Scroll to Top