Познатиот македонски сликар, Михаил Корубин за својот роденден, кој го прослави во изолација, сака да подари слика со портрет. Сопругот на поп пејачката Каролина Гочева, овој пат реши наместо да добива подароци, тој да подари еден дел од неговиот уметнички свет.
„Денес ми е роденден. Сакам да го подарам овој потпишан принт (limited edition од 100). Прикачете ја омилената уметничка слика од мене на вашиот профил со хаштагот #mihailkorubin. (Исто така оставете коментар од омилената слика на овој пост) Ќе изберам еден од вас за една недела, а принтот ќе ви го испратам каде и да сте по светов. Сликите можете да ги преземате од мојов профил, мојот сајт (link in bio) или од било каде на web. Димензиите се 90 х 75cm. Имајте убав ден и чувајте се“, напиша Корубин на „Инстаграм“.