(Фото) Спенџарска во бикини кани на утринско кафе

Водителката Јелена Спенџарска го користи продолжениот викенд и топлото време да ужива во Грција. Таа веќе неколку дена објавува фотографии од својот мини одмор. На последната слика Јелена е фотографирана како го пие утринско кафе на плажа.

Нејзините пријатели и следбеници освен што ѝ дадоа комплименти за изгледот, велејќи дека е „жешка“ и „секси бомба“, ја прашаа дали се и тие поканети на утринско кафе со неа. Некои дури и се пошегуваа дека сепак најубаво друштво ѝ е гуменото фламинго што Јелена го искористила како послужавник за кафето.

Scroll to Top