Поп-пејачката Тамара Тодевска е во Грција на одмор. Таа објави семејна фотографија на која е со сопругот Александар и ќерката Хана. Пејачката повторно е бремена и неодамна тоа го потврди и за медиумите. Освен одморот, Тамара во Грција снимаше и спот за песната „Довидување таго“, која е посветена на нејзината ќерка Хана.