(Фото) Тамара на турски ѓеврек во Истанбул

Поп-пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот маж Александар се на романтично патување во Турција. Тие деновиве уживаат во Истанбул без ќерката Хана. Пејачката на своите социјални мрежи постојано објавува фотографии и видеа од одморот и вели дека ужива во Турција. На една од фотките Тамара јаде ѓеврек, а некои од следбениците ѝ напишаа дека нема поубав ѓеврек од турскиот.

Освен што беа на крстарење по Босфор и во елитни ресторани, Тамара и Александар се дружеа и со својот кум Сефер Цановски, кој е исто така во Истанбул со својата нова свршеница.

 

 

Scroll to Top