(Фото) Татјана Лазаревска го посети манастирот Острог во Црна Гора

Фолк пејачката Татјана Лазаревска го посети манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора. Со сопруот Новица и синовите Петар и Стефан прво се вратија во Македонија, а потоа заминаа на одмор во Будва од каде сподели и фотографии од денска забава на плажа.

За потсетување, Татјана и Новица пред неколку години заминаа во Австралија во потрага по подобар живот. За Илинден имаа неколку настапи во Македонија. Пееја во село Живојно, битолско, кај манастирот Свети Илија, каде ги веселеа гостите и бројните иселеници кои овој период се вратија во родниот крај.

Настапија и во гостиварското Врапчиште, каде исто така се славеше големиот празник.

 

Scroll to Top