Познатата презентерка Татјана Стојаноска пред 25 години беше позната манекенка и дел од речиси сите модни ревии во тоа време. Во 1992 година таа стана Мис на Македонија, односно победи на првиот самостоен избор за убавина во земјава.
Во виолетов костим за капење, а претходно во неколку свечени тоалети, со кои прошета по пистата, Татјана ги освои гласовите од жирито на тогашниот избор за убавина. Подоцна стана презентерка и познато ТВ-лице.