(Фото) Теа Трајковска ѝ го украде секси стилот на Мишел Фајфер од култниот „Лице со лузна“

И покрај пандемијата поради коронавирусот, младата пејачка Теа Трајковска реши да сними нова песна.Таа деновиве го снимаше видеото за песната „Сенки“, за која текстот го напиша таа, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски.

„ Не сакам да откријам ништо, бидејќи сакам сите што ќе ја слушнат да се изненадат од целокупниот производ што го подготвувавме со тимот“, вели Трајковска. Според многумина, таа на фотките наликува на Мишел Фајфер, од култниот „Лице со лузна“, познатиот филм со Ал Пачино кој го игра ганстерот Тони Монтана. Спотот го режираше Томи Акимовски.

Scroll to Top