(Фото) Тијана го прифати предизвикот, некогаш била Бах

By

Пејачката Тијана Дапчевиќ го прифати предизвикот кој сега е хит по социјалните мрежи и сподели фотографија  од нејзините студентски денови.

Таа носи перика и сценска шминка и напиша дека сака да биде како славниот композитор Јохан Себастијан Бах.

„Студент прва година на ФМУ Скопје. Некој настан беше во прашање, се свиреше Бах, во 1995 година“, напиша пејачката под објавената фотографија.

Тијана неодамна се јави од својот дом во Белград каде е во самоизолација и преку социјалните мрежи порача сите да останат дома поради опасниот вирус.

 

Ќе ви се допадне