(Фото) Тијана веќе не е русокоса

Пејачката Тијана Дапчевиќ направи уште една голема промена во својот имиџ. Овој пат на социјалните мрежи таа се пофали дека веќе не е блондинка, туку дека нејзината коса е розова. На фотографијата таа на себе има розова бунда, што потполно го дополнува изборот на боја на косата.

Обожавателите на Тијана се задоволни од промената, па не ги штедеа комплиментите за нејзиниот сегашен изглед.

Scroll to Top