(Фото) Три генерации дами заедно на летување: Сузана Турунџиева со мајка си и ќерката Матеа

 

Сузана Турунџиева, пајачка и водителка, е на летување со својата  мајка и помалата ќерка Матеа. Тие го посетија Пелистер, а од таму објавија фотографии. Трите дами, исто така беа и на Матка, од каде Сузана сподели слика со нејзината мајка .

„Кога ја изгуби волјата и дадов од мојата. Кога ја изгубив вербата, ми даде од нејзината. Кога и двете ја имавме изгубено радоста, силата и смислата на животот, Бог ни даде од неговата. Не знам дали повеќе пати таа ми беше мајка на мене или јас на неа, ама она што непогрешливо знам е дека сум го добила највредното искуство и благослов“, напиша Турунџиева.  По Матка, следеше и уживање во  Претор, каде овој пат книга на плажа е вистиснкиот избор за лето.

 

 

Scroll to Top