(Фото) Велевска го крена Њу Џерси на оро

Фолк-пејачката Елена Велевска ја крена на нозе полната сала во Њу Џерси (САД), каде имаше настап,  па сите фатени на оро играа на нејзината музика. Велевска кон крајот на декември замина на турнеја во Америка. Таа пееше за Македонците во Индијана за Нова година, имаше настапи во Њујорк и Њу Џерси, а ќе пее и во Детроит, Мајами и Чикаго. Пејачката последниот концерт во САД  ќе го одржи на 2 февруари.

https://www.instagram.com/p/BsW3q99BIZ3/?fbclid=IwAR0qfGWRdbWDtoPnaatRkLwQ5S31davFVgNldRVeJfVoHRdnztzHamNs7Vc

Scroll to Top