(Фото) Велевска вљубена, страст во рацете на Маријан

Фолк-пејачката Елена Велевска ретко споделува фотографии со својот сопруг Маријан. Овој пат таа реши да ги изненади своите обожаватели, па објави заедничка фотографија.

Двојката доби многу комплимети, како „најубави“, „прекрасен пар“, некои, пак, ѝ напишаа дека повторно се вљубила во сопругот.

Елена е во брак со Маријан 10 години и имаа три деца. Во интервју за „Репортер“ таа ни раскажа дека низ сите овие години тој најмногу ја поддржувал во кариерата.

„Да не беше Маријан и да немаше доверба во мене за ова што го работам, до сега сто пати ќе се разведевме. Тој е мојата најголема поддршка“, ни изјави тогаш Велевска.

Двојката десетгодишнината од бракот ја прослави заедно со трите деца со патување низ Европа.

Scroll to Top