(Фото) Весна Бејби скокна во Вардар

Актерката Весна Бејби денеска се искапе во Вардар. Облечена во нукркачка опрема, таа скокна во реката под Камени мост, па објави слика на својот инстаграм-профил.

„Овој пат на време се спремив“, напиша таа, сеќавајќи се на моментот кога нејзиниот автомобил „буба“ лани падна во Вардар, па мораше да го извади спасувачка екипа.

„Снимав реклама. Тизер е. Денес ќе почне да се емитува. Многу е смешна. Можеби една од најсмешните реклами снимени кај нас“, рече Весна за „Репортер“.

Таа не откри за каква реклама станува збор, но рече дека се забавувала на снимањето.

(А.Ј)

Scroll to Top