(Фото) Викторија Лоба ја наследила руската убавина од мајка ѝ

Поп-пејачката Викторија Лоба е копија на нејзината мајка, коментираат на социјалните мрежи. Таа ретко споделува семејни фотографии, но секојпат кога ќе објави слика со својата мајка, Татјана Луговаја, двете добиваат комплименти за изгледот. „Русинките се преубави, а Викторија ја наследила убавината од нејзината мајка“, стои во коментарите.

Викторија, која е родена во Таганрог, Ростовска Област, на 8 години се преселила со семејството во Македонија. Таа неодамна доби и македонско државјанство.

Во моментов Лоба е на Мајами, од каде што секојдневно споделува слики и видеа.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

(Фото) Викторија Лоба не може да спие, пејачката се пожали од Мајами

Scroll to Top