Презентерката на утринските вести на фреквенцијата на ТВ Нова, Александра Велинова објави фотографија на која изгледа подобро од било кога.
За денешниот стајлинг Велинова избра црно-бел комбинезон во риги кој целосно ја истакнува нејзината витка фигура и врз него облече црвено сако кое е заштитен знак на презентерките на вести на истата телевизија.
Како потсетување, Александра Велинова пред ангажманот во ТВ Нова, долги години беше дел од успешниот тим на ТВ Алфа.