Стара слика од премиерот Зоран Заев, на која седи опуштено покрај базен, во црна кошула со бел вез деновиве е хит на социјалните мрежи. Сликата се споделува на „Фејсбук“ и на „Твитер“, а коментарите се поделени. Некои фаќаат сеир на сметка на стилот на Заев, а други велат дека изгледал одлично кога бил помлад и со неколку килограми помалку од денес. Сепак, најголемиот број коментари се на сметка на кошулата, заради која твитерџиите го споредија Заев со Индиец.
(Фото) Заев во црна кошула со бел вез, твитерџиите фаќаат сеир
