(Фото) Зоки Бејбе шета бебе

Топ моделот Катарина Ивановска на својот инстаграм профил неодамна објави кусо видео на кое се гледа како Зоки Бејбе ја турка количката во која е нејзиниот син. Македонскиот диџеј е еден од најдобрите пријатели на Катарина. Тие одат често заедно на прошетка во градскиот парк или на кафе во Дебар маало, а Зоки ѝ помага со синчето.

На видеото се гледа како Зоки ја турка количката додека вози скејтборд. Сите што го следат Бејбе знаат дека скејтбордот е негова страст, па возејќи се, полесно му е да ја турка количката со бебето на Катарина.

 

 

Scroll to Top