Фудбалерот Давид Бабунски ќе стане татко

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски на својот фејсбук-профил напиша дека наскоро ќе стане татко. Тој и неговата девојка Катарина Митровиќ ќе го добијат првото дете.

„Пресреќни сме на прекрасниот предизвик на добивање и растење на ново човечко суштество во светот!“, напиша фудбалерот во пораката.

Под статусот Давид доби бројни честитки и желби за среќа од своите пријатели.

Бабунски, во моментов настапува за Јокохама. За него минатата 2017 година беше една од најуспешните на фудбалски план.

Scroll to Top