(Галерија) Актерката Бела Торн се сврши со италијански пејач

Американската актерка Бела Торн (23) по две години врска се сврши со италијанскиот пејач и актер Бенџамин Масколо (27). Веста за нивната свршувачака прв ја објави пејачот на „Инстаграм“. „Таа рече да“, напиша Бенџамин на сликите на кои актерката го покажува големиот дијамантски прстен.

Двојката се сврши на снимањето на нивниот нов заеднички филм Time Is Up. За медиумите тие потоа изјавија дека ќе имаат две големи прослави, едната во Италија, а другата во Америка. Бенџамин открил и дека пред да ја побара Бела за жена, ѝ напишал љубовно писмо.

„Писмото го напишав на лист од сценариото, на страницата каде што беше последната сцена од филмот. Бела беше зад мониторот со режисерот кога го кренав сценариото и таа прочита што пишува“, рекол Масколо.

Бела и Бенџамин почнаа да се гледаат во април 2019 година, брзо откако таа раскина со нејзиниот долгогодишен дечко Мод Сан.

 

 

Scroll to Top