(Галерија) Балони, мафини и торта – роденденска забава за внукот на Турунџиева

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора, направи забава за првиот роденден на синот Јаков. Со многу балони и мафини, таа направи роденденска журка, а фотографиите ги сподели на социјалните мрежи.

„Среќен прв роденден на нашиот син“ напиша Турунџиева на социјалните мрежи. Неодамна во интервју за „Репортер“, Сузана ни раскажа дека Лора била посветена мајка и дека и таа и Филип постојано биле околу бебето. „До толку што таа не дава никој да ѝ помогне, сè сама сака“, раскажа Турунџиева.

„Долго време бев убедена дека сум тестер за грди сценарија во животот. Но, ете конечно и кај нас  се сврте страницата. Се омажи Лора, се роди внукот Јаков, кој е сега мојата голема радост. Како и секоја мајка, така и јас размислував  Лора на кој факулет ќе се запише, ама таа го одбра најтешкиот, да биде родител “- рече Сузана Турунџева за „Репортер“.

 

Scroll to Top