(Галерија) Драган Вучиќ го ожени синот

Вчеравечер  рчиси целата естрада, познати јавни личност  беа на свадбата на поранешниот пејач Мартин Вучиќ кој се ожени со својата долгогодишна девојка Сања. Свадбата била во Ла тана.

На свадбента веселба биле многу познати личности, се играло и пеело на народни и модерни песни, а највесел бил таткото на Мартин, познатиот пејач и водител Драган Вичиќ, кој направил штимунг за гостите. Но и гостите не останале рамнодушни на забавата, па многумина се фатиле за микрофонот да отепат по нешто.

Бени Шаќири, Бубо Каров, Роберт Билбилов…па дури и Здравко Чолиќ директно со видеобим бил дел од свадбената журка на поранешниот пејач.

Блиски пријатели на Мартин за „Репортер“ раскажаа дека свадбата на Мартин се подготвувала од поодамна. Биле поканети блиски пријатели на двете семејства, но и луѓе од јавниот живот кои се пријатели на Мартин и на неговиот татко Драган Вучиќ.

Мартин никогаш не зборувал јавно за приватниот живот и за своите девојки. Сања долго време ја криеше од јавноста, а медиумите првпат пишуваа дека Мартин и Сања се заедно скоро една година откако ја почнаа врската. Двојката е заедно од 2014 година. Тие пред свадбата живееа заедно.

Редакцијата на „Репортер“ неодамна  го контактираше Мартин Вучиќ. „ Не сакам да зборувам за приватниот живот. И онака, веќе долго не сум дел од музичката сцена кај нас“,  ни рече Мартин.

Мартин од 2008 година не активен на музичката сцена и не снима нови песни. Тој беше еден од најпопуларните пајачи кај нас на почетокот на 2000те години кога македонската музиката доживеа најголема експанзија. Многумина и денес велат дека негов најголем хит е „Рано ми е да се врзам“. Во 2005 година Мартин ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната Make My Day.

А.Георгиев

Scroll to Top