(Галерија) Голема забава за ќерката на Весна Бејби, дојдоа и Каролина и Михаил

Ќерката на актерката Весна Петрушевска, Мина, вчера го прослави 15 роденден. Во кафана во Дебар Маало, славеничката ги пречека големиот број гости, а меѓу присутните беа и поп-пејачката Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин. Друштво им правеше водителката на „Антена“, Ана Шутиноска.

Весна како и минатата година ѝ приреди незаборвна роденденска журка на ќерка ѝ. Мина со друштвото се забавуваше до доцните часови, а на крајот ги почасти со торта.

„Смејте се сите, одвојте време за сите во вашето семејство. Среќен роденден Мина бејби, да си ни жива и здрава“, напиша Весна на „Фејсбук“.

 

Scroll to Top