(Галерија) Ирена Спасовска со балон леташе над Кападокија: Е, ова ме остави без здив

Фолк-пејачката Ирена Спасовска е во Кападокија, Турција од каде што објавува слики и видеа. Таа леташе со балон, авантура по која Кападокија е најпозната во светот, а ги разгледуваше и знаменитостите на оваа област. За „Репортер“ Ирена откри дека ова било едно од најнезаборавните искуства во нејзиниот живот, а таа уживала во секој момент што го поминала на ова необично место.

„До сега ова ми е најинтересното патување. Летањето со балон ме остави без здив. Многу е убаво да се доживеат нештата од птичја перспектива“, ни рече Ирена.

Таа е воодушевена од Кападокија, па вели, секој би требал да ја посети барем еднаш во животот.

„Кападокија е извонредно место и има што да се види. Изобилува со многу знаменитости. Видов како живееле луѓето во камено време, кога во карпите ги копале своите живеалишта“, додаде таа.

Ирена не крие дека е страстен љубител на патувањата и најчесто избира егзотични дестинации. Иако неколку пати била во Катар, таа вели дека Египет ѝ е при срце, оти честопати оди таму. Во Египет беше и пред два месеца.

„Египет посебно го сакам сосе целиот тој раскош кој го има, рестораните се прекрасни, овде луѓето ги бива за бизнис и како народ се многу пријатни и топли“’, рече тогаш Спасовска за „Репортер“ и се пофали дека во местото каде што е сместена дознале дека е пејачка од Македонија, па навечер пуштаат нејзини песни оти им се допаѓа музиката.

 

Scroll to Top