(Галерија) Јана Бурческа повторно невеста

Пејачката и водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа, вчера повторно беше невеста. Таа на деветтиот Саемот за венчавки што се одржува во хотелот „Александар Палас“ носеше венчаница од тантела украсена со ѕвезди, од модната креаторка Антонија Ристовска.

Јана, која долги години соработува Ристовска, и претходно носела нејзини креации, што на модни ревии, ем на саеми за венчавки. Пејачката доби комплименти дека изгледа одлично во креацијата на Ристовска, а фустанот што го носи е преубав и одлично ѝ стои.

Јана скоро две години е во брак со музичарот Александар Филиповски. Двојката ја има ќерката Дона, која го доби името по мајката на Александар.

 

Scroll to Top