Македонскиот топ- модел со интернационална кариера, Катарина Ивановска, кариерата ја започна на 15 години. Девојчето од населбата Аеродром, за кратко време застана на модната писта во дизајнерска облека на најзпонатите светки брендови, а Скопје го замени со Њујорк. Многумина на неа се сеќаваат и од спотот на Владо Јаневски, „Ако не те сакам“, каде играше заедно со шминкерот Александар Дадар.
Освен манекенската кариера, Катарина играше и во домашниот филм “Трето полувреме“.
Од мај, таа е мајка на малиот Вања, но најави дека од наскоро планира да се врати на обврските, а на патувањта ќе оди заедно со синот и сопругот Цобе.