(Галерија) Од Лила и Орце до Пандев и Надица: гламурозни свадби на познатите за кои сè уште се зборува

Свадбите на познатите отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста. Невестите модерни и впечатливи, во раскошни венчаници од тантела и свила, не потфрлија со стилот. Модерните фризури ги дополнија со превез или бисери. Со изгледот не заостануваа ни мажите, кои на своите свадби носеа елегантни костуми по најнова мода.

Едноставната венчаница на Калиопи и костумот во боја на шампањ на Васил Зафирчев се коментираат и денес. Наголемо се зборуваше и за фустанот на Каролина во бохо-стил, купен од Италија. Но, и за превезот од десет метри на Симона Поповска, што го дизајнира Златко Јовановски, цветната венчаница на Бубе Најдановска од „М2“ и раскошниот фустан на Сузана Гавазова…

И покрај гламурозните свадби на кои се играше на маси, а некои од пејачите пееја и сами, сепак некои од јавните личности се разведоа. Лила и Орце од „Арија“, Елена Ристеска и Бојан Ивановски, Калиопи и Васил Зафирчев веќе не се заедно. „Репортер“ се потсети на свадбите на познатите.

Калиопи и Васил Зафирчев

 

Каролина Гочева и Михаил Корубин

Ламбе Алабаковски

Горан Пандев

Лила Филиповска и Орце од „Арија“

Ева Нединковска

Елена и Гуте од „Гранд“

 

Сани Гроздановска

Симона Поповска

Мартин Вучиќ

Елена Ристеска

Љупка (Бубе) Најдановска

Ѓоко Танески

Јован Јованов

Сузана Гавазова

Татијана Стефановска

Софија Манева

Scroll to Top