(Галерија) Политичарки, пејачки, дизајнерки се собраа на ревијата на Кокев за новата колекција

Поранешни министерки, познати тв лица, пејачки, манекенки беа гости на претставувањето на новата модна колекција за лето 2022 на модната дизајнерка Тања Кокев. На ревијата беше промовирана и новата линија на чевли со поптпис на Кокев.

Гости ан ревијата беа поранешните министерки за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Елизабета Камчевска Милевска, пејачката Тамара Тодевска, режиерот Дејан Пројковски, модната дизајнерка Јована Филиповиќ, водителката Живкица Каленикова.

„Идејата на колекцијата е да нè однесе преку креациите во едни нови простори, во еден пустински сон каде дури и времето е опипливо“, вели Кокев за новите модели.

Ревијата на Кокев беше изведена како претстава. Режијата е на Дејан Пројковски, сценографијата на Искра Јанковска-Михајловска, по кореографија на Олга Панго и музика на диџејката Соња Исмаил.











 

Scroll to Top