(Галерија) Се ожени Александар Белов, српска венчавка под македонско знаме

Поп – пејачот Александар Белов денес се венчаше со неговата долгогодишна девојка Јелена Станковиќ, која е од Крагуевац, Србија. Венчавката беше во манастирот „Дивостин“ во Крагуевац, каде дојдоа нивните најблиски.

Гости пристигнаа и од Македонија. На венчавката се вееше македонското и српското знаме. Младенците ги испочитуваа и македонските и српските обичаи.

Белов беше облечен во тегет костум, а венчаницата на Јелена имаше вел на кој беше навезена срма. Белов и Јелена неодамна се верија во Македонија, а тие веќе подолго време живеат во Србија.

Тој Јелена ја побара за жена пред манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

„Со Јелена веќе две години живееме заедно во Крагуевац, па затоа и свадбата одлучивме да ја направиме тука. Планиравме да ни дојдат многу гости од Македонија, мои пријатели, роднини…. Свадбата ќе биде според српските обичаи и ќе трае два дена“, изјави Белов за Репортер.

Подготви: Редакција Репортер

(Фото) Се вери Александар Белов, ќе има голема српска свадба

Scroll to Top