Во неделата вечер во Србија беше прикажана последната епизода од првата сезона на серијата „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ. Оваа епизода изоболуваше со многу насилство и експлицитни секс сцени. Во една таква сцена се појави нашата глумица Јана Стојановска, која го игра ликот на Јована.
Секс-сцената на Јана и актерот Гордан Кучиќ, која завршува со убиството на младата македонска револуционерка Јована, е оценета како најбруталната сцена во серијата.
Сцените во серијата не се воопшто цензурирани, иако истата се емитува во ударен телевизиски термин. Македонската публика последната епизода од првата сезона на „Сенки над Балканот“ ќе може да ја гледа дури за две недели.