(Галерија) Шампањско, виолини и пердуви: Елена Најдоски славеше роденден во стилот на големиот Гетсби

Водителката Елена Најдоски прослави роденден со гламурозна забава во стилот на големиот Гетсби. Таа направи журка дома со многу гости, шампањско и виолини што свиреа во живо. Гостите беа облечени во стилот на 1920тите, со бисери, пердуви и светки. Елена цела вечер се забавуваше, се сликаше со гостите и ги споделуваше фотографиите што тие ги ставаа на социјалните мрежи. На крајот сечеше роденденска торта заедно со сопругот Бојан.

Водителката скоро секоја година прави интересни забави за својот роденден. Таа не крие дека ужива во родендените, но и во патувањата. Неодамна во интервју за „Репортер“ Елена ни раскажа дека со сопругот Бојан се хедонисти и дека двајцата сакаат да патуваат, но и да уживаат во вкусна храна, но и дека Бојан е романтичен, па знае да ѝ зготви и нешто вкусно и да ја изненади.

 

Scroll to Top