(Галерија) Тања Кокев шик и на едрење

Модната дизајнерка Тања Кокев секогаш привлекува внимание со стилот. Овојпат таа ги собра сите пофалби за шик фустанот што го носеше додека беше на едрење по Охридско Езеро. Дизајнерката објави неколку слики на социјалните мрежи во црн фустан што ја следи линијата на телото и откри дека и ова е нејзина креација.

„Обожавам да носам Кокев“, напиша таа.

Познатата дизајнерка последниов период беше актуелна со впечатливите дизајни што ги направи за екипата на „Медена земја“ и Атиџе за Оскарите. Во интервју за „Репортер“, Тања откри зошто режисерката Тамара во последен момент решила да не ја носи нејзината кррација.

„Навистина жалам што таа реши да се претстави со нешто што веќе некој претходно го носел, а не со нешто уникатно. Не мораше да биде мојот бренд, можеше да биде кој било, ама да е македонски дизајнер“, раскажа тогаш Тања, некогашна новинарка и историчар на уметноста, која веќе 15 години гради дизајнерска кариера.

Scroll to Top