Премиерот Зоран Заев, познат моторџија, заедно со шефот на дипломатија Никола Димитров, денес неформално се дружеа во Струмица. Возењето мотори испадна добра забава за политичарите.
Иако Димитров на својот фејсбук профил напиша дека се „на иста линија„, сепак, премиерот испадна нешто побрз во возењето од Димитров. На дружбата, биле заедно со сопругите, со кои потоа седнале и на заеднички ручек.