(Галерија) Заева и Теута во црвено, Бети и Данела во пастелни бои: стилот на дамите на изборите

By

Модерни и со стил, сопругите на политичарите и дамите политичарки го привлекоа вниманието со изгледот на вчерашните избори. Повеќето од нив во своите модни комбинации ја вклучија црвената боја, која е знак на моќ и победа. Црвено носеа Зорица Заева, Теута Арифи и Мила Царовска. Ни Данела Арсовска, Елизабета Ѓоргиевска и Рози Мицкоска не потфрлија со стилот. Тие избраа шик комбинации за денот на гласањето.

Независната кандидатка Данела Арсовска носеше розова комбинација: капут, кошула и панталони во истата нијанса. За панталони се реши и сопругата на премиерот, Зорица Заева, која беше облечена во црвен костим и бела маичка. Во црвено на изборите излезе и Теута Арифи, градоначалничката на Тетово. Таа изгледот го дополни со шарена шамија.

Полежерен стил имаше сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета, која носеше крем мантил, фармерки и црна маичка. Рози, сопругата на Христијан Мицкоски, на гласање дојде облечена во сина свилена кошула и црно здолниште. Министерката за образование, Мила Царовска, на овие избори беше во друштво на синот. Таа овој пат се реши за црн фустан на копчиња дополнет со црвени чевли.

Фото: Фејсбук

 

Ќе ви се допадне