(Галерија) Журка во двор за најмалата ќерка на Пере: Софија славеше роденден

Најмалата ќерка на Пере од „Нокаут“, Софиа, наполни една година. Познатиот музичар и неговата сопруга Јована ѝ направија роденденска забава на отворено со неколку блиски пријатели и семејствата. За Софиа тие избраа шарена торта со ликовите од бебешкиот каналот „Бејби ТВ“. Пере сликите ги објави на Инстаграм и откри дека неговата ќерка обожава да ги гледа цртаните и бебешките емисии што се прикажуваат таму.

Софиа е ќерка на Пере од вториот брак со Јована. Од првиот брак музичарот ги има ќерките Михаела и Каја.

Пред да се роди Софиа, во интервју за „Репортер“ Пере откри дека бил пресреќен кога дознал дека третпат ќе стане татко.

„Неодамна се свршив со Јована, мојата долгогодишна љубов. Дознав дека повторно ќе станам татко, и тоа трет пат на ќерка, што за мене е огромен благослов. Друг многу значаен момент за мене е тоа што мојата мајка извојува една многу тешка победа и сега со нетрпение и со нови сили го очекува петтото внуче“, ни кажа тогаш Пере.

Љубовта со Јована почнала во 2011 година во времето кога го спремале големиот анплангд-концерт во „Метрополис арена“. Брзо потоа се разделиле, Пере се преселил во Барселона, но ни призна дека никогаш не престанал да мисли на неа. Пред неколку години, повторно се сретнале и љубовта продолжила. Се венчаа пред повеќе од една година, а потоа им се роди и ќерката.

 

Scroll to Top