Македонскиот диџеј Галоски го објави својот нов сингл All My Love и најави дека наскоро ќе има настапи во некои најпознатите ноќни клубови ширум светот. Овој пат тој ќе настапи во Токио, Сингапур, Бангкок, Осло, Хамбург, а ќе има и настапи ширум земјава.
Новиот сингл на Галоски само неколку дена од објавувањето влезе во категоријата Хит на неделата на SiriusXM, еднa од најпознатите радио мрежи за електронска музика во САД, а има висок рејтинг и комплименти од страна на BBC Radio1, и може да се слушне скоро на сите радија ширум земјава. Вокалот на песната е Лаки Лу која претходно имаше издание со светската денс икона Армин ван Бурен и композиторот Јарослав Поликарпов.
На почетокот од годината Галоски потпиша ново издание со најдобрата издавачка куќа за електронска музика во светот Spinnin Records.
Тој беше избран за „македонски гениј” од Егзит фестивал, а се најде на 69. место на листата на најдобри светски продуценти за електронска музика во 2021 година.