Гавазова по теркот на Брена и Цеца

Фолк-пејачка Сузана Гавазова пред настапите во Италија и Австрија беше во Белград каде ќе снима  нова песна и видео. Гавазова, која со сопругот и децата живее во Шведска, веќе неколку месеци е во Македонија и периодов особено е активна на музичката сцена.

„Наскоро нова песна и видеоспот од најдобрите на Балканот – Динајл Х, Браја и Харис Дубица. Очекувајте нешто неочекувано“, вели Гавазова, која се пофали дека ќе соработува со музичката и авторска екипа која работела со Наташа Беквалац , Брена и Цеца.

Scroll to Top