Фолк-пејачката Сузана Гавазова, по летото поминато во родната Струмица, се врати во Шведска. Таа веќе неколку години живее и работи во оваа земја. Со неа се сопругот и двете деца.
Пејачката не е многу активна на музички план, но денеска објави селфи без грам шминка и им посака добро утро на своите обожаватели. Нивните реакции се позитивни, коментираат дека им се допаѓа Сузана во ова издание.