Глумецот Атанас стана татко, ќерката доби уникатно име

Глумецот Атанас Атанасовски по вторпат стана татко. Неговата сопруга Александра роди ќерка, а  бебето го доби името Една. Желбата за името била на Александра која се породи со царски рез во приватната болница Систина. Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро.

Ова е второ дете на актерот Атнасовски. Двојката го има  синот Павле кој има година и девет месеци.

Лани за “Репортер“, Атанас ни откри дека со синот Павле секој ден учи нешто ново.

„Еве денес научив дека фразата „тата, тата“ може да значи многу работи, како: сакам вода, дај ми ја играчката, земи ме во раце, сакам да спијам, смени ми пелена. Разликата е во поттекстот“, ни откри лани тој во интревју.

На прашањето на кого синот го доби името Павле, Атанас тогаш ни рече: По еден таксист, кој, за жал, повеќе не е меѓу нас.

Актерот Атанас Атанасовски е еден од омилените на публиката. Со својот колега Тино Костадиновски одамна се препознатливиот шарм на Театар „Комедија“, каде што играат во повеќето претстави.

А.Георгиев

„Се оженив меѓу две проби, а со Павле секој ден учам нешто ново“ – Атанас првпат зборува за бракот и татковството

Scroll to Top