Го хејтаат, а не можат ни да му се приближат: Марко Слаткаристика брои милиони!

Марко Маринковиќ – Слаткаристика е број еден македонски артист по брзината на гледаност на новите видеозаписи на Youtube.

Видеозаписот за најновата песна насловена како „Терориста“ за нешто повеќе од месец и половина, има повеќе од 3 милиони прегледи, додека „Тик-Так“ од пред година дена повеќе од 7 милиони.

Пред година дена Слаткаристика преку музика успеа да ја спакува и својата свадба со прекрасната водителка Сања Николиќ во видеозапис, и тој хит, година дена подоцна брои повеќе од милион прегледи.

Додека останатиот дел од домашната естрада „мака мачат“ за да добијат неколку илјади прегледи, а се радуваат како дете на играчка доколку прегледите надминат 100 илјади, Слаткаристика си брои милиончиња и си ужива во својата слава која постојано расте.

Scroll to Top